Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во гостување на ТВ 24 излезе со спротивно тврдење од министерот за здравство, Венко Филипче, во однос на починатите мајка и син во Велес.
Тој вели дека според оперативните сознанија на МВР тие двајца починале кон крајот на јануари, како што и првично информираа медиумите.
Министерот Филипче пак неодамна изјави дека според извештајот на Судска медицина, мајката и синот починале во март, што се поклопува со времето на присуство на вирусот во државата.
„Врз основа на оперативни активности на МВР, ние сметаме дека лицата се починати крајот на јануари, додека Судска медицина смета дека смртта настапила крај на февруари, почеток на март.
Оперативните активности како разговарање со соседите, последни телефонски јавувања, информации од струјомерот, односно до кога била користена електрична енергија во станот, покажуваат дека лицата починале кон крајот на јануари, најдоцна почеток на февруари,“ рече Чулев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Смртта на мајката и синот од Велес чии тела беа најдени во распаѓање, настапила во март
Фото: МВР