На Андреј Илиевски (25) на кој му беше диaгностициран тумор на мозокот и истиот беше остранет 40% во месец ноември 2021 година, со постоперативна дијагноза Histiocytosis syndromes X во Универзитетската болница Коч-Истанбул, итно му е потребна операција, поради влошување на неговата здравствена состојба.
„Моментално се лекува во дневната болница на Клиниката за хематологија-Скопје за да се доведе во стабилна здравствена состојба и повторно да замине во Истанбул, каде што во месец мај беше два пати за дополнителни иследувања.
Сега му претстои нов оперативен зафат за кој како семејство немаме доволно финансиски средства.
Поради тоа ни е потребна Вашата помош. Да подадеме сите рака да ја победиме болеста,“ пишува неговата мајка на Фејсбук.
Донациски броеви:
Телеком : 143 112
А1: 143 480
Хуманитарна с-ка:
Андреј Илиевски
300001000026774
Комерцијална Банка АД Скопје
Девизна с-ка: 02-307-0666057.2
Andrej Ilievski
IBAN MK07300307066605706
SWIFT KOBSMK2X
Komercijalna banka ad Skopje