еМагазин
Image default
Македонија

Дел од блиските на функционерите ќе се откажат од вработувањето во државните фирми, најави Заев

Дел од функционерите потврдуваат дека нивните блиски ќе се откажат во вработувањето во јавниот сектор заради тоа што гледаат алтернатива на државните институции, но редно е да ги оставиме тие сами да соопштат, бидејќи станува збор за личен чин. Верувам дека ќе имаме одлични примери на повлекување и на тој начин ќе ја покажеме нашата совесност кон останатите граѓани, најави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој посочи дека сите граѓани се еднакви пред законот и пред институциите, но додаде дека пример треба да биде етичкото однесување на функционерите.

-Тоа е лош пример иако се работи за мала бројка, а токму функционерите треба да бидат добар пример како да се однесуваат граѓаните. Ако ние им наложиме нешто ќе потврдиме дека е тоа надвор од закон, етика или слично. Се работи за личен чин кој очекувам тие да го направат. Правиме детална анализа.

Се работи за личен однос и лична одговорност на одредени поединци. Начинот на конкурирањето, фер и транспарентната правична постапка во делот на запослувањето е дел од анализа чии извештаи ги очекувам неделава. Кога ќе ги добијам веднаш јавно ќе ги соопштам сите информации, изјави Заев во одговор на прашање по презентацијата на Научно-технолошкиот парк во Скопје.

Сакам да им укажам на сите граѓани, како и на членовите на смејствата на функционерите, додаде,  дека сите сме пример во државата.

-Ако сакаме да го потврдиме тоа што го зборуваме дека подобро платени места, подобра можност за напредување во кариерата и поголеми плати како растат со своите практични знаења има во приватниот сектор, тоа мора да го покажеме како пример. Имаме одлични дефицитарни профили кои можат да бидат и побогати и понапредни ако изберат да одат во приватните институции. Постојат алтернативи за еден геодет, архитект, информатичар, економист, правник или било кој млад човек можностите се огромни. Државата е тука да ги помогне сите млади луѓе и сите граѓани, потенцира Заев.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мира „Дизел“, Кирацовски и СДСМ лидери: Кои 18 случаи ги отвори Антикорупциска

„Бројчаникот на Триумфална ќе броел колку деца на функционери се вработиле на државно„: „Мира Дизел“ го „прегреа“ Твитер

Мира-дизел и го зема приматот на Република Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драги Ѓоргиев: Формулацијата „погрешно толкување на историјата“ ги деградира вредностите на ЕУ

Редакција

Најмладото на 45 години: Од Ковид-19 починале 5 лица, дополнително пријавени уште 5

Редакција

В понеделник нова пресуда за Милјаков и Тачи за „Титаник 2“

Редакција