еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Делегацијата на Заев дојде со конкретен предлог кој сериозно и сеопфатно ќе го разгледаме, рече бугарскиот премиер Јанев

Привремениот бугарски премиер Стефан Јанев, по средбата со премиерот Зоран Заев рече дека македонската делегација дошла кај него со конкретен предлог, што ќе биде сериозно разгледан во наредните денови.

„Делегацијата на Заев дојде со конкретен предлог, што ќе го разгледаме сеопфатно и професионално во наредните денови. Констатиравме дека во моментов имаме прозорец на можности да работиме по нерешените прашања за исполнување на Договорот за добрососедство од 2017 година.

Сега ни е приоритет да создадеме атмосфера на доверба, пријателство и на дијалог, кои би помогнале на нашите експерти и политичари да дојдат до решение.

Во рамки на овој дијалог, треба прво да ги решиме меѓусебните проблеми, за да не остават проблеми во европското семејство,“ изјави Јанев.

Тој додаде дека основна точка на денешните разговори била европската перспектива на Македонија и можностите за почнување разговори за одржување на првата меѓувладина седница со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев верува дека може да се најде решение, со бугарскиот колега Јанев разговарале и за португалскиот предлог

Немаме проблем со отворање на историските архиви, порача Заев по средбата со бугарскиот премиер Јанев

Заев и Димитров на средбата со Нинова ѝ соопштиле дека македонската делегација во Софија е со искрени и чесни намери

Фото: Твитер/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов пакет монетарни мерки: Народната банка ја намали основната каматна стапка на 1,5%

Редакција

22 лица го прекршиле полицискиот час, 393 казни за неносење маска

Редакција

Заев поднесе предлог-состав и програма за работа на новата Влада во Собранието

Редакција