еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ го мери рејтингот на десет можни кандидати за претседател на државата

Централниот одбор на СДСМ ќе се одржи во петок, а дебатата за консензуален кандидат е во тек, одговори денеска на новинарско прашање премиерот Зоран Заев во врска со името за консензуален претседател, на прес-конференцијата во Владата.

Тој додаде дека, како партија и коалиција која сака да победи на претседателските избори, прават анкети кој кандидат најдобро ќе помине кај граѓаните и дека тој треба да биде прифатлив за сите.

„За повеќе од десет имиња се прави истражување. Одиме чекор по чекор, дебатираме, го слушаме ставот на граѓанските организации, на граѓаните за да најдеме личност која е најприфатливо решение за сите“, рече Заев.

Тој додаде дека доколку се оди само на претседателски избори тие треба да поминат покомфорно за граѓаните, за да не се наршат процесите што течат во државата. Премиерот го повтори неговиот познат став дека лично е против парламентарни избори заедно со претседателските.

„Изминатиот период донесовме тешки одлуки, и граѓаните сега треба да ги соберат плодовите од тие одлуки. Но треба да се слушне и партијата, сите анкети покажуваат дека СДСМ и Коалицијата е во предност и оттука избори ни одговараат. Тоа значи обезбеден четиригодишен мандат, мнозинство во парламентот, но ќе трпи државата“, рече Заев и додаде дека сигурно е дека заедно со претседателските избори ќе има локални за избор на градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега ревакцинирани 54.600 граѓани

Редакција

Нови 83 случаи на Ковид-19 од 2.704 тестирања, бројката на активни изнесува 3.270

Редакција

Покренати пет постапки за говор на омраза за трагичната автобуска несреќа

Редакција