Претседателот Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет.
Генерален секретар ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска.
Одговорна за односи со јавноста ќе биде Катерина Цаневска, a Билјана Радева ќе биде прес-офицер, информираат од кабинетот на шефот на државата.
Советник за национална безбедност ќе биде Блерим Кољари, Александар Спасов како надворешен консултант ќе ја врши функцијата на советник за внатрешна и надворешна политика.
Советници во кабинетот ќе бидат и Тоше Зафиров, Љуљета Адеми и Гоце Карајанов.
Во сферата на надворешната политика, надворешни советници ќе бидат поранешните шефови на дипломатијата Александар Димитров и Денко Малески и поранешниот амбасадор во Австрија, Сашо Тавчиовски.
Надворешни советници за правни работи ќе бидат и професорката Беса Арифи и поранешата судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазаревска Трајковска.
Од кабинетот велат и дека во времето додека таму како советник бил сегашниот претседател Пендаровски имало 37 вработени, а во периодот кога шеф на државата беше Ѓорге Иванов нивниот број е зголемен на 61.
Нема да има отпуштање на вработени, нагласуваат од кабинетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски ветува: Нема да барам претседателска пензија по завршување на мандатот
Пендаровски го назначи Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање
Фото: Пендаровски/Фејсбук