еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Детали од МВР за сообраќајната несреќа во Илинден, во која загина 15-годишно момче на мотор

Министерство за внатрешни работи во својот билтен информираше за сообраќајната несреќа во Марино во која загина 14-годишно момче.

„На 24 април во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на на ул.„500“ во с.Марино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(30) од Скопје и мопед „априлија“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Скопје.

Од здобиените повреди малолетникот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција, а возилото било однесено на вонреден технички преглед,“ се вели во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил му го пресекол патот: 14-годишно момче загина со мотор во сообраќајна несреќа во Илинден

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 194 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје 77

Редакција

Србин бегајќи од полицијата се „тубмал“ со „мерцедес“ полн со мигранти

Редакција

Само платени руски ботови и некои политичари се против уставните измени, вели Ковачевски

Редакција