„Виз ер“ е во процес на суспензија до 50 линии на просторот на земјите од поранешна Југославија, а секој град што го опслужува оваа компанија ќе биде засегнат.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, најголем број откажувања ќе има Скопје, а потоа следуваат Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево.
Неколку летови што се уште се активни, како што се Виена-Охрид, Стокхолм Скавста-Скопје и Меминген-Подгорица, ќе бидат суспендирани за две недели и нема да ги има во текот на зимската сезона, пишува порталот Екс-Ју Авијација.
Превозникот планира да обнови некои линии во ноември и декември, но мала е можност за тоа.
Повеќето летови нема да бидат обновени до летната сезона следната година, која започнува кон крајот на март.
„Виз ер“ е во процес на обновување на некои линии кои беа привремено откажани за време на летниот период, вклучително и на Скопје-Турку и Белград-Ларнака, додека летовите на линиите Скопје-Нирнберг, Скопје-Копенхаген, Скопје-Баден Баден, Скопје-Рим, Скопје-Милано, Скопје-Малта и други повторно ќе бидат воспоставени за еден до два месеци.
И покрај намалувањето на сообраќајот во поранешна Југославија, „Виз ер“ се шири на друго место – во Западна Европа, а неодамна најави нови линии во Норвешка.
Компанијата се соочува со пад од 60 проценти на бројот на патници во септември, месец за кој се надеваа дека ќе претставува почеток на закрепнувањето.
Според авиокомпанијата, нејзиниот капацитет останал за 40% помал во споредба со истиот месец лани. Овој октомври авиокомпанијата лета само со 50 проценти од своите капацитети.
„Виз ер„ не предвидува работа со поголем капацитет во текот на зимата доколку се задржи моменталната состојба со пандемијата. Сепак, постојните операции се значително поголеми од активностите на повеќето други европски авиокомпании, пишува порталот Екс-Ју Авијација.
Листа на планирани суспендирани летови:
Route Resumption date
Skopje – Salzburg MAR 29
Skopje – Charleroi DEC 5
Skopje – Larnaca MAR 28
Skopje – Copenhagen NOV 1
Skopje – Beauvais DEC 5
Skopje – Bremen MAR 28
Skopje – Hanover MAR 29
Skopje – Baden Baden DEC 5
Skopje – Nuremberg OCT 25
Skopje – Budapest DEC 4
Skopje – Milan DEC 5
Skopje – Rome DEC 6
Skopje – Venice DEC 6
Skopje – Malta DEC 5
Skopje – Sandefjord MAR 29
Skopje – Bratislava DEC 4
Skopje – Barcelona MAR 28
Skopje – Stockholm Skavsta MAR 28
Skopje – Vaxjo MAR 28
Ohrid – Vienna DEC 5
Ohrid – Basel NOV 10
Ohrid – Dortmund DEC 5
Ohrid – Memmingen MAR 29
Ohrid – Milan MAR 28
Ohrid – Malmo DEC 4
Ohrid – London Luton DEC 7
МИА