Ние сме секогаш отворени за средби. Мислиме дека почнавме еден многу благороден процес со Бугарија. Мислиме дека ни должат разбирање за нашето достоинство и македонскиот идентитет и на тие линии ќе продолжиме да работиме така како што досега работевме. Нема да се караме со нив, нема да фрламе камења, изјави вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
– Без разлика на нашата домашната политичка дебата, можеби и да изгубиме поени дома и тоа е океј, но истовремено не може по секоја цена да одиме по патот кон кој сме тргнале, рече Димитров во „Само интервју“ на Канал 5.
Во однос на македонското малцинство во Бугарија, Димитров рече дека не се мешаме во внатрешните работи ниту на Бугарија, ниту на другите соседи.
– Нашата политика и европската политика ако ја земеме предивид Рамковната конвенција за заштита на малцинства на Совет на Европа, Европската конвенција за човекови права во овој дел, дали малцинство постои или не, не е прашање на политичка декларација или став на една држава. Тоа е внатрешно прашање. Не се мешаме.
Прашањето дали група луѓе се малцинство или не, се прашања за тие луѓе, тоа е нивно право на самоизјаснување. На тој начин ние би се мешале ако имаме став во однос на тоа прашање. Тоа е нивна работа. Тоа се нивни граѓани, рече Димитров.
Во однос на прашањето за Гоце Делчев, Димитров рече дека тоа мора да го решат историчарите.
– Ова мора да е оставено на дебати, на Комисијата, нека има и научни конференции. Единствениот пат кон зближување на двете држави е преку блискост, поддршка, почит. Многу е важно да мислат како е да си во нашите чевли, додаде Димитров.
За него е прифатлив и предлогот на претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнамер, германски експерти да се вклучат како олеснувачи во македонско-бугарската комисија, особено околу методологија на работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Бугарија покажа дека нема расчистено со фашизмот, а ЕУ тоа го дозволи„: Твитер реакции за ветото
Бугарско МНР: Бугарија бара гаранции за нејзините услови во преговарачката рамка
Бугарија ја отфрли преговарачката рамка, се чека напредок на билатерално ниво меѓу Скопје и Софија
МИА/Фото: Влада