еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Димитров кога ќе остаре сака да личи на Џорџ Клуни

Министерот за надворешни работи Никола Димитров се пошегува дека кога ќе остаре сака да личи на познатиот актер Џорџ Клуни.

„И јас си направив слика како ќе изгледам за 20 години. П.С. Човек треба да сонува де“, напиша Димитров на неговиот фејсбук-профил.

Инаку периодов е популарна апликацијата на Фејсбук, која покажува како ќе изгледате кога ќе остарете.

Според „Форбс“, оваа апликација до сега ја користеле 150 милиони луѓе од целиот свет.

Притоа се поставува прашањето за зачувување на приватноста, бидејќи дозволувате пристап до сите ваши фотографии, така што, наместо вие нејзе, апликацијата ве користи вас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер-заедницата ги остаре и ги подмлади политичарите: Како изгледаат Црвенковски, Мицковски, Груевски…

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До крајот на неделата студено, од понеделник постепен раст на температурите

Редакција

(Фото) Филипче на гости кај Блаже Сапунџиев, кој доби бубрег од младата Верица

Редакција

Од денеска попладне дождови, на некои места пообилни

Редакција