Охридска банка, која е дел од Сосиете Женерал групацијата за периодот од 1.1.2019 до 30.6.2019 оствари добивка од 278,7 милиони денари, што е намалување за 97,2 милиони денари или 25,9 % во споредба со истиот период минатата година, соопшти банката преку Македонската берза.
„На остварениот резултат влијание имаа порастот на нето приходите од провизии и нето приходите од курсни разлики, но и повисокиот раст на исправката на вредноста на финансиските средства, намалувањето на нето приходите од камати и останатите приходи“, информираат од банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охридска банка Сосиете женерал се продава на Штаермеркише Шпаркасе
Колкави се надоместоците на членовите на Надзорниот одбор на Охридска банка
Фото: Охридска банка
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.