Да бевме некоја нормална земја до сега диватата платформа во Кањонот Матка ќе беше срушена, а одговорните не само што ќе има поднесено оставки, туку ќе беа и казнети.
А бидејќи се сме, ама не и нормална земја која демек цели кон ЕУ, не само оваа дива платформа, туку и други диви објекти во Матка, може и да бидат легализирани.
Просто за неверување е да се гледа неспособноста на бројните институции, кои ние ги плаќаме од наш џеб да ни ги заштити националните и природните богатства.
Па тој бил надлежен, па тој не бил, па тој требало да реагира, па тој не, па рокот бил… Море МРШ!
Да беше за нешто друго, да требаше да „лапнете“ нешто до сега работата ќе беше 100 пати завршена.
Голематата трагедија во целава приказна е тоа што не се силува само Матка, која не е само национално и природно богатство на Македонија, туку светско и му припаѓа на целиот свет, туку тоа се прави кај ќе се стигне.
Диви верски објекти, диви споменици, диви ресторани, диви хотели… Не е поштедена ни Шар Планина, ни Охридско Езеро, ни Маврово…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада