еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Има ли нешто повредно од децата?!

Д-р Арбен Таравари

Гледам фотографија од поголемиот син, кога беше бебе. Речиси занемен пред невиноста на неговиот поглед кој зрачи со праведност. Погледот на едно дете!

Денес има 21 година и не се осмелувам да му кажам дека расте во земја каде што постои опасност неговите сништа да бидат прекинати. Пресечени како со  ножици.

Размислувам и за сите оние невработени родители, кои не можат да ги прехранат своите деца. Во очај се што не можат да им купат пар чевли, да им ги исполнат и најскромните желби. И се чувствуваат виновни за тоа. Си велам, зошто?! Како е можно да има такви кои си земаат за право да им ја украдат и уништат радоста на децата?! И да ги втурнат во очај од најмала возраст.

Но, дали каков било финансиски систем може да ја порази љубовта на родителите кон децата?! Не! Инстинктивно, морално, верски, законски, не!

Овие ликови, кои политиката ја претворија во срам, не сносат само економска одговорност, туку имаат многу поголема вина. Имаат вина кон хуманоста, кон човештвото. И не знам дали тоа може да им се прости!

Ги гледам децата од мојот град, пораснати и предвреме напатени. Горам одвнатре, чувствувам болка. И како татко и како човек кој сака да се бори, за своето дете, но и за сите други деца, бидејќи тие го заслужуваат тоа. Знам и чувствувам дека секој родител, секој граѓанин, е со мене! Се присетувам на зборовите на борецот за слобода Нелсон Мандела: “Не може да има поголемо откровение на душата на општеството од начинот на кој тоа ги третира своите деца”.

Политика не се прави со говори по сали! Вистинската политика се прави борејќи се секогаш и во секое време за нашите деца. И по секоја цена! Затоа што тие го прават нашиот живот важен, зашто мотивација за нашите стремежи произлегува токму од нив.

Животот е краток, ни бега, се лее како летен дожд! Затоа, треба да сме сплотени, како Албанци, Македонци, Турци, сите. Како луѓе, како родители, за да го спречиме теророт на неодговорните политичари. Oној кој им создава штета на децата уште од колевка. Времето е на нашите деца! Децата, нашите поколенија, тие се оние кои ќе покажат каков бил нашиот влог во нив, влогот кој тие ќе го пренесат во иднината.

Тие тоа отсекогаш го заслужувале, но ние сме тие кои треба да се разбудиме! Никој не смее да ја грабне нивната иднина! Најмалку неодговорните политичари кои ги замрзнаа детските насмевки, ја грабнаа нивната радост, среќа, па и здравје. И тоа го претворија во мафијашки банкарски сметки, вили за одмор и луксузни коли!

Стотици родители немаат пари за лекови за своите деца, а крадците кои поседуваат моќ и власт велат дека сакаат стабилност! Господ нека им прости! Ми врие крвта, вените не ми се навикнати на оваа состојба, но тие издржуваат. И ќе траат додека не престанам да дишам. Затоа што тие тоа го заслужуваат.

Ќе завршам со зборовите на познатиот Оскар Вајлд: „Најдобриот начин да ги направиш децата добри е да ги направиш среќни“. Да го научиме тоа!

Ставовите на авторот, не се став и на редакцијата на еМагазин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Апотеоза“ на партиите 

Моралот во политиката

Социјален Мозок

Фото: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како на филм: Во „Идризово“ затвореници со високи казни ископале 60 метри тунел и се подготвувале за бегство

Редакција

Светот е „опасно неподготвен“ за идни пандемии, предупредуваат од Меѓународна федерација на друштвата на Црвениот крст

Редакција

Активни три пожари, вчера имало 27

Редакција