еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Беќаровски: Ако сакате да стимулирате вакцинација, укинете ја партиципацијата за медицински услуги за вакцинираните

Докторот Нико Беќаровски, на својот Фејсбук профил објави свои предлог-мерки, како да се потикне вакцинацијата против Ковид-19 во Македонија.

“Почитувани колеги од Комисијата за заразни болести.

Ако навистина сакате да стимулирате вакцинација, место понижувачката парична стимулација за матичните лекари, укинете ја партиципацијата за сите медицински услуги во 2022 година на сите вакцинирани (слично како што е за крводарителите).

Ако сакате да се намали антиваксерското расположение издвојте ги вистински прележаните од групата на невакцинирани, барем 120 дена по прележувањето.

Воведете го позитивниот резултат од тестот (не постар од месец дена) на антитела, како валиден доказ за влез во сите места каде се бара вакцинален сертификат, по 120. ден од прележувањето.

Предложете висока парична казна или затворска казна за секој кој ќе биде фатен со фалсификуван сертификат.

Вратете го задолжителното мерење на телесна температура при влегување на работа и во сите јавни затворени објекти“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Беќаровски: „Колку подолго трае пандемијата со Ковид-19, толку повеќе луѓе ќе ни умираат незгрижени од карциноми, срцеви и мозочни удари, дијабет, труења“

Доктор Беќаровски за новите мерки: Во лифт се осеќам побезбедно кога се возам со вистински прележан од Ковид-19, отколку со комплетно вакциниран

Доктор Беќаровски: „Се однесуваме како стадо, смртноста ни е голема, бидејќи луѓето не се вакцинираат“

Фото: Беќаровски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс директорите Нино Васев и Нехат Нухи и тројца доктори осомничени за случајот “Онкологија“

Редакција

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева си поднесе оставка

Редакција

Гевгеличанец повеќепати силувал другарка на неговиот роденден, држејќи и секира до него

Редакција