Доктор Аспазија Софијанова, која е и директорка на ЈЗУ Клиника за детски болести – Скопје, вели дека многу деца кои иако имале негативни ПЦР-тестови на Ковид-19, имале високо ниво на антитела.
„Околу 200 деца имаа различни пост-ковид реакции на различни органи, најчесто се атакираше срцето со тахикардии, покачување на срцеви ензими, удирање на бубрег-гломерунефрити, емитација на слепо црево, имавме стомачни тегоби, онесвестување, главоболки, губење на енергија, нерасположливост која се јавуваше баш по попоминување на самиот ковид, типична анемија со ниско железо, не само како хемоглобин во еритроцити, туку и ниско железо во серумот во крвта,“ вели Софијанова во разговор за Локално, додавајќи дека кај дел од децата имало и покачено д-димери.
Фото: Фејсбук/Софијанова