еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Државата продаде дел од имотот на Мијалков, ќе се продадат ли и неговите акции

На јавното надавање за продажба на дел од запленетиот имот на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кое се одржа на 25. август, државата продала два негови стана и земјиште, информираа од Агенцијата за управување со одземен имот.

Од продажбата државата собрала 15.000.500 денари или 244.000 евра.

Станува збор за два стана во Охрид, од кои едниот од 65 метри квадратни со проценета вредност од Бирото за судски вештачење на 5.775.234 милиони денари, а другиот во истата зграда од 114 метри квадратни, проценет на 9.032.505 денари, како и земјиште од 56.818 метри квадратни кај Морани во Општина Студеничани крај Скопје со почетна вредност од 17.045.421 денари и мал плац кај местото Џибарица на Кожуф од 321,81 метри квадратни, проценет на 29.686 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој ќе го купи конфискуваниот имот на Мијалков, еве што се ќе оди на наддавање

Сите се со вкупна вредност од околу половина милион евра, а истите се конфискувани поради случајот „Империја“ за кој Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кој и 25 станови и парцелата до хотелот Мериот во Скопје.

Претходно на 19 јули на Македонската берза на продажба беа ставени запленетите акции на Мијалков во Стопанска банка АД Битола, кои никој не ги купил.

Никој не ги купил и другите акции на правни субјекти поврзани со Мијалков:

По шест месеци истите акции ќе бидат ставени повторно за продажба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од шест дела за Мијалков, четири завршени, остануваат уште две, од кое едното е пред застарување

“Го отстранија Ќосето од пред палатата на правдата, на негово место ќе стават биста на Мијалков“: Твитер реакции за “Титаник 2“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се трага по исчезнатото десетгодишно дете во Мариово, се вклучи и хеликоптер од МВР

Редакција

Твитер го „подбра“ Тунтев: „Не ни требаат амбулатни возила, ни треба државен авион со 15 седишта“

Редакција

Четворица руски туристи починаа во Албанија, престојувале и во Охрид, истрагата се проширува и во Македонија

Редакција