еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Државните претпријатија во септември заштедиле 8% струја, ЈП Водостопанство со поголема потрошувачка од претходната година

Претпријатијата во државна сопственост минатиот месец заштедиле осум отсто струја во споредба со септември лани, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Со анализата што ја презентираше Бектеши, опфатени биле вкупно 17 државни компании.

Притоа, само кај ЈП Водостопанство – Македонија се забележува поголема потрошувачка на електрична енергија отколу во септември минатата година.

-Од овие субјекти, девет оствариле заштеди од минимум 15 отсто, пет оствариле заштеди помалку од 15 отсто, а два субјекта имаат поголема потрошувачка на електрична енергија – едниот за 10 отсто, додека другиот за над 50 проценти. Субјектот кај кој се забележува поголема потрошувачка на електрична енергија е ЈП Водостопанство – Македонија, информира Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арачиново со најголема потрошувачка: Општините во септември заштедиле 29% струја

Најмалку штеделе во здравство, МНР и одбрана: Државните институции во септември заштедиле вкупно 20% струја

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП за државни патишта склучи договор со „Илинден“ вреден над 3 милиони евра

Редакција

Денеска наместо протест, блокади низ Македонија, еве кои патишта ќе бидат блокирани

Редакција

(ВИДЕО) Малиот Марко Пејчиновски на Голема Богородица ќе плива маратон од 64 км за лицата со ретки болести

Редакција