Двајца мажи на возраст од 37 и 40 години од струмичко и валандовско се заразени со Ковид-19, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
Првиот е од селото Банско, општина Струмица, а вториот е од селото Балинци, општина Валандово, информира директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.
-Со едниот веќе се воспоставени контакти и е извршено епидемиолошко мапирање. Тој и неговите контакти се ставени во изолација, а со другиот новозаразен од селото Банско, кој се тестирал во болницата „Систина“, во тек е воспоставување на мерките и протоколите. Нивната здравствена состојба засега е добра, рече директорот Витанов.
Додаде дека се извршени тестирања на единаесетте мигранти од Пакистан и возачот кој ги превезуваше. Тие учестуваа во тешката сообраќајна несреќа што се случи завчера на патот Струмица-Радовиш во која загина едно лице и осуммина беа потешко и полесно повредени.
Резултатите за мигрантите ќе се знаат утре, а возачот на автомобилот, Е.С.(55) од Скопје, е негативен на тестот.
Досега во струмичкиот регион од последици од коронавирусот почина едно лице, а неколкумина беа инфицирани, но успешно се излекуваа.
МИА/Фото: Општина Струмица
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед: Чаир рекордер по бројот на активни случаи на корона вирусот меѓу скопските општини
Тројца новозаразени со Ковид-19 во Куманово, еден во Липково