еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца припадници на Армијата, подофицер и војник позитивни на коронавирусот

Во текот на денешниот ден потврдени се два случаи на припaдници на Армијата кај кои на тестот за Ковид-19 се покажани позитивни параметри.

И двајцата припадници (подофицер и војник) извршуваат работни задачи во гарнизонот Скопје, од кои едниот припадник извршувал работни задачи во воениот ресторан во касарната Илинден како помошен персонал.

„Веднаш по сознанието за случајот на војничкиот ресторан извршена е целосна дезинфекција на истиот и преземени се сите потребни заштитно здравствено епидемиолошки мерки, а ресторанот ќе биде затворен наредните 24 часа при што на персоналот ќе му биде делен сув оброк.

На целокупниот персонал за кој се претпоставува дека бил во контакт со лицето му е одредена изолација, и истиот е од утре ќе биде сменет со комплетно нов персонал.

Двајцата припадници кај кои е откриен позитивен наод, веќе претходните неколку денови биле превентивно во самоизолација откако членови на нивните семејства се посомневале во симптомите на можно постоење на Ковид-19. И двата припадници не биле во странство.

Армијата во изминатиот период целосно ги пoчитува препораките од Mинистерството за здравство при што одреден број припадници превентивно се повлечени во самоизолација  и при самото сомневање“, информираат од Министерството за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од новозаболените со коронавирусот, 5 се здравствени работници од Клиниката за кожни болести

Вкупно 177 заболени: Регистрирани нови 29 случаи, од кои 20 од Скопје

Трет смртен случај од корона вирусот: Почина пациентката од Дебар која долго време беше на респиратор

(Видео) Попови од возило ги прскаа улиците на Велес со света вода „против“ корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот пак „ќе го бара“ Никола Груевски: Каде е екс-премиерот?

Редакција

(Видео) Магичните водопади во Долината на солзите на Исланд го одземаат здивот

Редакција

Вонредна инспекциска контрола на АХВ во ЗОО во Скопје, месото од закланите коњи ќе се уништи

Редакција