Двајца скопјани оствариле приход од 3,5 и 2,7 милиони евра, соопшти денеска УЈП презентирајќи ги податоците за остварени највисоки приходи во 2017.
Освен нив, кои се со највисоки приходи, на листата се и граѓани од Струга и од Битола.
Највисока годишна плата во 2017 година повторно е исплатена во секторот здравство и изнесува 2,7 милиони евра.
Според податоците на УЈП, највисоки приходи оствариле лица во секторите производство на фармацевтски производи, компјутерско програмирање, трговија со производи од тутун, производство на фабрикувани метални производи, производство на печки, спортски менаџмент, изградба на станови.
Највисоко дополнително примање и надомест од работен однос изнесува 46 милиони денари на годишно ниво.
Највозрасниот милионер има 98 години кој остварил приход над еден милион денари, а најмалиот милионер со приход над милион денари има 15 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на Тетово „заработил“ 162.586 евра од игри на среќа
Битолски и скопски пензионер пријавиле приход близу еден милион евра