еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајцата мажи и жената од Македонија кои се на крузерот во Јокохама, кој е во карантин, се во добра здравствена состојба

Тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот „Дајмонд Принцес“ во пристаништето во јапонскиот град Јокохама се во добра здравствена состојба, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Крузерот е во двонеделен карантин во пристаништето во Јокохама, откако кај еден патник што се симнал од бродот во Хонг Конг му бил дијагностициран новиот коронавирус.

Од МНР посочуваат дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио остварила директна комуникација со тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот „Diamond Princess” во Јокохама.

Станува збор за двајца мажи и една жена, членови на екипажот.

Бројот на случаи со коронавирус на бродот, кој е во карантин, се зголеми на 130, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на извор од јапонското Министерство за здравство. На бродот има околу 3.700 патници и членови на екипаж.

Од коронавирусот досега починаа 910 лица, од кои 908 во Кина, а заразени се над 40.000. Поголем дел од смртните случаи се во кинескиот град Вухан, каде почна епидемијата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се што треба да знаете за коронавирусот: Едукативно видео на Светската здравствена организација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарската претседателка Новак без коментар за азилот на поранешниот премиер Груевски

Редакција

Спасовски со апел до граѓаните да бидат свесни за ризиците на новогодишната ноќ

Редакција

Нимиц: Промената на името ќе бара многу време, се отвораат многу прашања

Редакција