еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Две куќи, стан, чамец, деловен простор: Каков имот пријавил Енвер Малиќи, кој стана почесен конзул на Мексико во Македонија

Бизнисменот и заменик-градоначалник на Град Скопје, Енвер Малиќи и официјално стана почесен конзул на Мексико во Македонија.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист, кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција, кога станал член на Советот на Град Скопје.

Каков имот пријавил?

Во прилично долгиот анкетен лист, Малиќи се што навел е на негово лично име. Па така пријавил деловен простор во Скопје од 183 метри квадратни, проценет на 11,3 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

Од недвижен имот како личен имот пријавил две куќи, едната од 432 метри квадратни, проценета на 16,2 милиони денари, во Скопје, стекната со договор за купопродажба, а втората исто во Скопје од 342 метри квадратни, проценета на 2,6 милиони денари, добиена од наследство.

Пријавил и стан во Скопје од 72 метри квадратни, проценет на 3,5 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

Поседува и земјиште во Скопје, Нерези и Косово, а има и лозје во Нерези.

Пријавил и златен накит, колекција на уметнички слики.

Вози РР Евокуе 22, а има и чамец Монтереј ДЛ.

Голем дел во неговиот анкетен лист заземаат бројните удели и дивиденди. Освен сумите, не дал објаснување каде се има удели и од каде се зема дивиденда.

Пријавил и две плати, од 30 и 50 илјади денари, но не навел која каде ја зема.

Приходи има и од закупнина, а штеди во Дојче банк и УБС.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Хотел Парк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 182 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје 107

Редакција

Мицкоски со подршка на територијалниот интегритет на Украина: Важно ми е какви се резервите со кои Македонија располага во услови на криза која надоаѓа

Редакција

Кој е Тимчо Муцунски, новиот градоначалник на скопски Аеродром

Редакција