Градежната компанија ЗСФ-КОМ ги предложи сопственикот Фатмир Етеми и неговите роднини Арменд и Бесар Етеми за кандидати за членови на Надзорниот одбор на „Скопски пазар“.
За членови на Одборот се предложени и Димитар Џеков, Предраг Милосављевиќ и Ацо Дудуловски.
Промените во раководните органи на „Скопски пазар“ доаѓаат откако компанијата на поранешниот пратеник Фатмир Етеми купи 11.000 акции од „Скопски пазар“ преку Македонската берза.
На престојното Собрание на акционери на „Скопски пазар“ закажано за 26 август, годинава би требало да се знае исходот од гласањето и дали претстои нова акционерска битка за превласт во компанијата или пак станува збор за договорена соработка меѓу акционерите што би требало да значи дека следуваат помирни денови за оваа компанија.
Повеќе детали за предложените кандидати ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми на „голема врата“ влегува во „Скопски пазар“
Отповикувања и оставки во Управниот одбор и Надзорниот одбор на „Скопски пазар“
Промени во „Скопски пазар“: На вонредно Собрание ќе се именува нов Надзорен одбор
НБРМ даде согласност: Фатмир Етеми нов член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка
Фото: ЗСФ-КОМ