еМагазин
Image default
Бизнис

Ќе има ли отпуштања на вработени со спојувањето на Охридска банка и Шпаркасе

На денешната прес-конференција по повод спојувањето на Охридска и Шпаркасе банка, беше поставено прашањето за иднината на вработените, односно дали ќе има отпуштања со новата систематизација.

Според главниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка Македонија, Глигор Бишев целта е заеднички со сите вработени и со поддршка на Надзорниот одбор да се направи реорганизација и интегрирање на двете банки. Тој додаде дека банката ќе има хуман однос, доверливост и високи стандарди како за вработените така и за клиентите.

Членот на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе, Георг Бухер изјави дека целта на групацијата е да растат и затоа им се потребни сите вработени.

Бухер потенцираше дека во некои оддели можеби ќе треба да се борат за место, нема конкретна бројка и до спојувањето во април 2021 година ќе им требаат сите луѓе.

Вкупниот број на вработени во двете банки изнесува 700.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ќе значи за клиентите спојувањето на Охридска и Шпаркасе банка

Шпаркасе групацијата купи 91,57 ја купи Охридска банка за 48 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетекс откупи сопствени акции

Редакција

Капитал Ассет Менаџмент – ново друштво за инвестиционо советување и управување со индивидуално портфолио на хартии од вредност

Редакција

РКЕ им даде 90 дена на РКМ, Супертрејд, Пертинакс и Ли Оил да достават доказ дека ги поседуваат потребните резерви на мазут

Редакција