еМагазин
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе реагираат ли бугарските власти и на списокот на Каракачанов?

Бугарскиот министер и вицепремиер Красимир Каракачанов објави список на Македонци со бугарски пасош и предизвика лавина од реакции и меѓусебни препукувања, обвинувања и омраза по социјалните мрежи, помеѓу најголемите македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, што најверојатно и му била целта, иако вели дека случајно ја направил листата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи) Што пишува во досието на Каракачанов кога работел како агент за бугарската служба за безбедност

И малите деца знаат дека таков список со граѓани со идентични имиња и презимиња на актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, СПМ и Македонски концепт не се прави случајно, а и за да состави истиот треба многу време, но многу позначајно е да се види дали сега ќе има реакција од страна на власите во Бугарија, од каде во ноември остро регираа кога на група на Фејсбук се појави список со Македонци со бугарски пасош.

Како што објавија тогаш македонските и бугарските медиуми стануваше збор за група во која се пласираат навреди и говор на омраза кон Бугарите и лицата со бугарско државјанство, кои живеат на територијата на Македонија, а во истата беше објавен и список за плукање по „истакнати македонски бугараши“.

Тогаш властите во Софија побараа од македонските власти групата да биде затворена и да престане ширењето на омразата кон Македонците со бугарски пасош, а како што пренесоа бугарските медиуми на разговор во бугарското Министерство за надворешни работи беше повикан и в.д. амбасадорот на Македонија во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Каракачанов повторно го прекрши Договорот со Бугарија

(Фото) “Бугарите сакаат да окупираат делови од Србија“: Српските медиуми со остри реакции за провокацијата на Каракачанов

Фото: Фејсбук/Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Протестите ескалираа: 47 повредени полицајци и 11 приведени демонстранти

Редакција

Доктор Беќаровски: „Ковид-сертификатите се комплетно смешни во ерата на омикрон сојот, тргнете ги покажете оригиналност“

Редакција

Левица: Според Протоколот идеите на АСНОМ се злосторнички, а Македонија треба да биде бугарска колонија

Редакција