еМагазин
Image default
Македонија

Ќе се јави ли Груевски денеска на издржување на затворската казна

Пленарната седница е следен чекор на која ќе се одлучува дали на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски, ќе му биде одземен пратеничкиот мандат.

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања вчера со мнозинство гласови го прифати барањето на судот да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Одлуката беше донесена со мнозинство гласови, но на гласањето не присуствуваа членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои дојдоа на седницата, но по искажаните забелешки на Трајко Вејланоски дека се води политички, а не правен процес, ја напуштија седницата.

Претседателот на Комисијата Павле Богоевски се согласи да му се одземе мандатот на Груевски, бидејќи делата кои за кои се товари го прават недостоен за вршење на пратеничката функција.

Александар Кирацовски, кој е член на Комисијата од СДСМ, пак, апелираше ова да биде поука за сите сегашни и идни функционери да не ги прекршуваат и заобиколуваат законите заради тоа што правдата е еднаква за сите.

Од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кои иако немаат член во Комисијата, се изјаснија дека се против одземањето на мандатот на Груевски и оценија дека расправата е избрзана ако се има предвид формирањето на Координативното тело за процесот на помирување.

На седницата не присуствуваше Груевски бидејќи беше на судење за предметот „Титаник“.

Барањето за одземање на мандатот на Груевски е според членот 59 од Деловникот на Собранието на РМ. Со него се предвидува за пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието да достави судот кој ја изрекол казната.

Со овој член од собранискиот Деловник е предвидено Предлог за одземање на мандатот на пратеник да поднесе Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието.

По предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница, а претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот.

За да му биде одземен мандатот на Груевски на Собранието му е потребно двотретинско мнозинство.

Незивесно е дали за одземање на мандатот на поранешниот премиер ќе гласаат 80 пратеници, ако се знае дека пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за, а најголем дел од пратениците од независната пратеничка група предводена од поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска се изјаснија дека нема да гласаат.

Груевски денеска треба да се јави на издржување на затворската казна.

Во петокот, Кривичниот суд соопшти дека судија за извршување санкции ја одбил молбата на Груевски за одлагање на казната. Тој беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна на 23 мај за предметот „Тенк“ за набавка на мерцедесот.

МИА/Фото: Фејсбук/Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој дојде да му даде подршка на Груевски на протестот за правда

На Комисија во Собрание изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како и Заев љубител на мотори: Колку е богат Костадин Костадинов, новиот портпарол на СДСМ

Редакција

Убава вест: Во Македонија излекувани 98 лица заразени со коронавирусот

Редакција

Силен земјотрес ги вознемири жителите на Скопје: Епицентарот близу до градот

Редакција