еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ќе се спојат ли Комерцијална банка и Стопанска банка Битола?

Изненадувачки, барем за пошироката јавност, вчера од Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска банка АД Битола преку Македонската берза соопштија дека се разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка разгледува можност за присоединување на Стопанска банка Битола

Како што информираа од таму во оваа рана фаза постапката не претставува намера за присоединување и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за присоединување во иднина.

Допрва следи длабинска анализа по усвојувањето на завршните сметки за 2023 година на двете банки на нивните собранија во 2024 година.

-Поради тоа, ова Известување не треба да се толкува како официјална намера за присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка Скопје, велат од таму.

Како работеше Стопанска банка Битола изминативе две години?

Во првата половина од 2023 година Стопанска банка Битола оствари добивка од 84,54 милиони денари, што претставува подобро остварување споредено со истиот период од мината година за 142,16%, информираа од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Битола со раст на добивката за 142,16% во првото полугодие

Лани Банката оствари нето-добивка во износ од 29,95 милиони денари, а во 2021 година нето-добивка во износ од 345,10 милиони денари, со што тоа стана една од најуспешните во повеќедецениското работење на Банката, информираа од Банката.

Како работеше Комерцијална банка во изминативе две години?

Во првото полугодие од годинава Комерцијална банка оствари позитивен финансиски резултат во износ од 2.003,3 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.127,3 милиони денари, што претставува зголемување за 77,7%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка за 77,7% ја зголеми добивката во првото полугодие

Лани Банката оствари нето добивка во износ од 2.171,7 милиони денари, а во 2021 година Банката оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави плати имале лани Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми: Комерцијална банка ги објави примањата на членовите на НО

Владимир Ефтимоски, претседателот на УО продаде акции во Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред

Редакција

Пратениците ќе формираат работни групи за забелешките за „францускиот предлог“, прва средба утре

Редакција

За 24 часа нови 9 случаи на Ковид-19 од 2.743 тестирање

Редакција