еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Еден од напаѓачите во терористичкиот напад во Виена е по потекло од Тетово?

Австрискиот новинар Флориан Кленк тврди дека еден од напаѓачите во терористичкиот напад во Виена е по потекло од Тетово.

Според него станува збор 20-годишно момче, родено и израснато во Виена, со албански корени, а неговите родители потекнуваат од Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кујтим Фејулаи, по потекло од Македонија стои зад терористичкиот напад во Виена, потврди австриската полиција

(Вознемирувачко видео) Терористички напад во Виена, загинаа најмалку три лица

„Името на терористот е Куртин С. Роден е во 2000 година во Виена и има албански корени. Неговите родители потекнуваат од Северна Македонија и се незабележителни кога станува збор за исламизмот.

Терористот бил на радар за конституционална заштита, бидејќи тој бил еден од околу 90-тината австриски исламисти кои сакале да заминат во Сирија. Тој бил спречен да го стори тоа во јули годинава. Полицијата не веруваше дека планира терористички напади во Виена“, напиша Кленк.

„AlertChannel“, исто така на Твитер објави дека еден од наѓачите е Албанец од Тетово во Северна Македонија.

„Според информациите, името на еден од терористите е Куртин С. Тој е роден во Виена, но е Албанец од Тетово, Северна Македонија“, пишува „AlertChannel“.

Фото: news.sky.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова мутација на Ковид-19: Се појави делтакрон, кој е комбинација од делта и омикрон

Редакција

Скопје новогодишно ќе блесне на 15. декември, украсувањето ќе чини 30 илјади евра

Редакција

Бугарската фирма од која ќе купуваме природен гас, добила лиценца на 15 септември годинава

Редакција