Шкодране Дардишта од владејачката ДУИ со отворениот повик за војна, кој следи откако опозицијата соопшти дека обезбедила ново парламентарно мнозинство е во фокусот на јавноста, а нејзиниот статус на Фејсбук предизвика лавина од негативни реакции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По заканата за војна, Дардишта од ДУИ на „тапет“ на Твитер
Дардишта од ДУИ се закани со војна
Таа е актуелен независен член во Одборот на директори во Македонски телеком, како преставник на Владата, која е еден од најголемите акционери во компанијата.
Владата поседува 34,81 акции во компанијата, како и златната акција и има неколку преставници во Одборот на директори на Македонски телеком.
Од компанијата, иако не е нивни кадар, се оградија од нејзиниот став.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колкав надоместок зема Дардишта во Македонски телеком?
Како независен член, Дардишта во Македонски телеком, за учеството во Одборот на директори зема месечен хонорар од 33 илјади денари, нето.
До 2020 година Дардишта беше на раководна позиција во заеднички служби на Клинички центар.
Таму земала месечна плата од 39 илјади денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети за заканата на Дардишта со војна: „Таквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата“
Фото: ДУИ