Турција, Шведска и Финска денеска потпишаа меморандум за процесот на приклучување на Шведска и Финска во НАТО, јавува Анадолија.
Меморандумот го потпишаа турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и неговите колеги од Финска и Шведска, Пека Хависто и Ана Линде.
На потпишувањето присуствуваа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, финскиот претседател Саули Нинисто и шведската премиерка Магалена Андерсон.
Меморандумот беше потпишан во центарот ИФЕМА во Мадрид, каде се одржаа средби во рамките на Самитот на НАТО.
Детали од меморандумот засега не се објавени.
Турција се согласи да ги поддржи напорите на Финска и Шведска за влез во НАТО, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
– Со задоволство можам да објавам дека сега имаме договор кој го отвора патот за Финска и Шведска да се приклучат на НАТО, изјави тој за новинарите на маргините на Самитот на НАТО во Мадрид.
– Турција, Финска и Шведска потпишаа меморандум кој се однесува на загриженоста на Турција, вклучително и извозот на оружје и борбата против тероризмот, додаде тој.
МИА/Фото: Твитер/Столтенберг