Лидерите на владите на членките на Европската Унија (ЕУ), на состанокот на Европскиот совет одлучија да не се воведуваат т.н. „ковид-пасоши“, идеја која дојде од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис
Според предлогот на Грција, зад кој отворено застанаа и Португалија, Словенија и Шпанија, овие пасоши требаше да бидат услов за полесно патување или влез на територијата на Унијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полесно до грчките плажи ако сте вакцинирани против Ковид-19
Поделени мислења околу „Ковид-пасоши“ во ЕУ: Ќе може ли да се патува само со вакцина против вирусот?
Лидерите заклучија дека потврдата за вакцина е медицински документ, а не патна исправа и дека тоа не може да биде услов за патување од повеќе причини, меѓу кои и поради дискриминацијата на луѓето кои не можат ја примат вакцината од различни причини или не им е достапна.