еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фатиме Фетаи стои зад тоа што го кажала, вели дека за заканите има уште еден сведок

Специјалната обвинителка, Фатиме Фетаи, во допис до медиумите му одговори на адвокатот Мефаиљ Арслани на обвинетиот координатор на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Титаник 3“, кој побара од нејзе јавно извинување.

Вчера на судењето за случајот „Титаник“, Фетаи, рече дека Арслани ѝ пренел закана до нејзиниот колега од СЈО, Гаврил Бубевски.

Фетаи вели дека за случајот кога адвокатот и ги пренел заканите има уште еден сведок, кој ја дал истата изјава.

Ви ја пренесуваме нејзината реакција:

„Во врска со „демантот“ на адвокатот Мефаиљ Арслани, во кој, со прилично дискутабилен речник изнесува навреди спрема мене, наведувам дека јас во целост стојам на она што во текот на вчерашниот ден го кажав дека се случило.

По барање на обвинителот Гаврил Бубевски дадов и изјава за настанот, како истиот би ја поткрепил пријавата која сака да ја поднесе. Таква иста изјава ќе дадам и пред јавниот обвинител кој ќе постапува по пријавата, доколку бидам повикана на сослушување. Впрочем, за целиот настан има уште еден сведок кој ја дава истата изјава.

Настанот, кој се одвиваше на паркингот кај Т.Ц. Мавровка (во близина на местото каде што живеам) е случен во првата половина на ноември минатата година и доколку сум сакала медиумска покриеност, како што тврди адвокатот Арслани, ќе ги известев медиумите веднаш.

Сепак, заради фактот што во тој момент не бев сигурна во каква психичка состојба (афект, очај и сл.) истиот ги кажува заканите, сметав дека не е потребно да реагирам, како не би му нанела ненадоместливи последици по неговата кариера.

На истиот став беше и обвинителот Бубевски, кој од овие причини и не поднесе пријава во тој момент. Сепак, имајќи го предвид целокупното однесување на адвокатот после овој настан, обвинителот Бубевски оцени дека треба да го пријави настанот, за кој дадов изјава.

По докажување на кривичното дело за кое ќе биде поднесена кривична пријава и кривична одговорност, како и целосно расчистување на случајот, секако дека против Мефаиљ Арслани ќе иницирам постапка за навредите и клеветите“, пишува Фетаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот на Алими од ДУИ бара јавно извинување од Фатиме Фетаи

Обвинетите Алими и Гури од ДУИ му се заканувале дека ќе му ја расплачат фамилијата на каурот Бубевски од СЈО

Фото: Академик

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Македонскиот модел Елена Реи снимаше каталог за престижна американска дизајнерка која ги облекува Обама, Лопез, Трамп, Палтроу

Редакција

„Уште еден прес на Тимоние и на ВМРО не му треба кампања„: Францускиот амбасадор на „тапет“ на Твитер

Редакција

До вчера 137 лица со Ковид-19 и во изолација се пријавиле за гласање

Редакција