еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фејсбук го „подбра“ Павле Богоевски: „Тие со маските немаше да влезат ако не им отвореше некој од внатре“

Голем број реакции на Фејсбук предизвика статусот на пратеникот Павле Богоевски со кој тој се обиде да оправда зошто гласал „за“ Законот за амнестија иако претходно беше еден од главните поборници да нема простување за настаните на 27 април.

„Само што го изгласавме Законот за амнестија за настаните на 27ми април. И покрај тоа што Законот го донесовме за да можеме конечно и дефинитивно да го отвориме патот кон ЕУ и НАТО, ова беше многу тешка одлука.

Влегувајќи во процесот на креирање на законот, за мене беа клучни неколку работи:

1.Амнестијата не смее да опфати случаи на СЈО или на злоупотреба на власт.

2.Амнестијата не смее да ги опфати тие кои применија насилство врз луѓе и тие кои го организираа упадот во Собранието.

3.Амнестијата не смее да биде пречка во утврдувањето на вистината пред нашите Судови, ниту да резултира со ситуација каде сите глумиме дека 27ми воопшто не се случил.

4.Законот треба да биде формулиран на начин што најмалку што е можно задира во владеењето на правото и правната држава. Затоа и се одлучив да учествувам во неговото креиање.

Овие работи се постигнати со текстот на усвоениот Закон. Реалноста е дека ова е далеку од идеална ситуација. Но, реалност е исто така, дека неправењето на овој чекор премногу ќе ја чинеше државата. Затоа гласав ЗА“, напиша Богоевски на својот Фејсбук профил.

На тоа следуваа лавина реакции, ви пренесуваме дел од нив:

Фото: Фејсбук/Богоевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денот кога селективната амнестија стана европска вредност

Твитер „полуде“ за Законот за амнестија: „Господа од СДСМ објавете јавно дека сте во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ“

Можно ли е Законот за амнестија да падне на Уставен суд?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) И Орце Камчев заврши на црната листа на САД

Редакција

(Галерија) Европските амбасадори во Македонија ни го чистеа ѓубрето

Редакција

Звучни имиња на најновата листа должници на УЈП

Редакција