Не е битно дали ќе гони Фатиме, Вилма или некоја трета Костадинка, но е битно тој што се огрешил пред законот да се соочи со последиците од дејствијата коишто ги има преземено, изјави денеска пред Кривичниот суд обвинителката од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Фатиме Фетаи.
– Мислам дека во моментов не треба да не интересираат ситници и моментни настани. Сепак, треба да ја гледаме онаа поголемата слика односно повисоката цел. Тоа е во моментов да изнајдеме начин да не дозволиме односно да спречиме тие што се огрешиле пред законот да не одговараат, нагласи Фетаи.
Во таа насока, според Фетаи, каква и да е крајната одлука која што ќе биде донесена во однос на судбината на предметите на СЈО, најважно е тие да продолжат без разлика кој ќе ги застапува.
– Независно од тоа дали ќе биде одлуката дека ние ќе продолжиме да ги застапуваме тие предмети или пак други обвинители сепак таа одлука би било подобра од било кој друго решение коешто го посакуваат одредени политичари во моментот, а тоа е преку вешто искористување на одредени правни празнини и злоупотреба на нивната политичка моќ да дојдат до решение коешто ќе значи целосно или делумно одбегнување на кривичната одговорност, изјави Фетаи.
МИА/Фото: a1on.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот обвинител Наков: Полномошното на Јанева нема никаква правна важност
Може ли Јанева од притвор да бара предметите на СЈО да ги преземе Јавното обвинителство?