еМагазин
Image default
Македонија

Фетаи за Јанева: Секој што се огрешил мора да одговара

Обвинителката во Специјалното јавно обвинителство Фатиме Фетаи денеска изјави дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува со застапување на предметите во судница без разлика што на нивната шефица Катица Јанева вчера и е одредена мерка притвор за случајот „Рекет“.

– Она што се случува може да биде само добар показател дека секој што се огрешил пред законот, мора да одговара, дека работите конечно се придвижуваат во позитивна насока во нашата држава и дека едноставно никој не е недопирлив.

Меѓутоа од друга страна, индивидуалната кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО не смее да биде изговор односно оправдување да се заборави целокупниот криминал што беше направен во нашата држава во последниот период и ние да ја запреме нашата борба.

Тимот на СЈО е во целост посветен на борбата за правда и ние продожуваме со она што е наша работа – застапување на предметите во судница, изјави Фетаи пред денешното ново рочиште за предметот „Монструм“ кое се одложи за на 5 септември.

МИА/Фото: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата епизода од „Рекет“ во светските медиуми: Притворот на Катица Јанева одекна и во Кина

„Скопје: Уапсена за рекет обвинителката за борба против организиран криминал“: Што објавија грчките медиуми за Јанева

По притворот на Катица Јанева: Непристоен предлог е „Рекет“ да не се политизира

Колкава затворска казна може да добие Јанева, доколку биде осудена за „Рекет“?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Захариева загрижена за Васил Гарванлиев, добил „400 закани по животот“

Редакција

МОСТ: Пендаровски освоил 44,47 проценти, Силјановска Давкова 44,32 отсто од гласовите

Редакција

Вкупно ревакцинирани 579.358 граѓани

Редакција