Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници бр.10/2023 за долгови доспеани до 30.06.2023 и неплатени до 30.09.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На листа во првите десет најголеми должници остануваат фирмите поврзани со поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фирми поврзани со Мијалков со месеци се на Листата на должници на УЈП
Станува збор за Дивелоп груп ДООЕЛ Скопје во чија сопственичка структура се синовите на Мијалков преку фирмата Бест веj и хотелот Гранд М, сопственикот на хотелот Мериот во Скопје.
На второ место пак е Супертрејд транспорт, друштво на фирмата Супертрејд преку кое врши транспортот на нафтата и нафтените деривати.
Целата листа ОВДЕ