Хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова ќе и се придружи на филмската екипа во Холивуд, за да биде присутна на церемонијата на доделувањето на Оскарите на 9. февруари.
За нејзиниот стајлинг ќе се погрижи креаторката Тања Кокев, a за фризурата студио „Ив“.
„Атиџе од „Медена земја“ нè израдува со својата посета во нашето студио за да ја блеснеме за на Оскарите. Мораме да признаеме дека таа е најпрво една прекрасна личност со голема душа и харизма и и’ ја посакуваме целата среќа на светот.
Беше пресреќна од фарбањето и фенирањето и ни рече дека сега ќе може да им парира на Бред Пит и Леонардо ди Каприо,“ напишаа фризерско студио „Ив“ на нивниот фејсбук-профил.
„Медена земја“ е номинирана за Оскари во категориите за најдобар документарец и странски филм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Навивање за „Медена земја“: МКЦ организира гледање на Оскари
Отворено со Атиџе, ѕвездата на „Медена земја“: Обожавам да пеам, сакав да станам пејачка
фото: Фејсбук/ИВ