еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Герила акција на ДИК во Тетово и Гостивар: Ти си на ред! Гласај безбедно!

По вчерашната герила акција во Охрид и Струга, караванот на Државната изборна комисија (ДИК) денеска беше во Тетово и Гостивар.

Кампањата „Ти си на ред“ на ДИК за претстојните Предвремени парламентарни избори 2020 изобилува со совети за заштита и превенција на граѓаните од корона вирусот во текот на гласањето.

Целокупната кампања е насочена кон пораки за заштита на граѓаните, како што се „Заштити се себеси и другите“ и „Гласај безбедно“.

На плоштадите во Тетово и Гостивар, беа поставени препознатливите големи поставки од големо стаклено ѕвоно и гел за дезинфекција со цел да им се приближат пораките за безбедно гласање до гласачите. Случајните минувачи добија едукативни брошури и флаери со насоки за безбедно гласање.

Герила акцијата опфаќа и безбедносна брошура која што содржи гел за дезинфекција и маска за заштита од корона вирусот, со точни насоки за нивна правилна употреба.

Државната изборна комисија за првпат ја воведува оваа герила акција, а е и една од првите државни институции која што ги едуцира луѓето во насока за заштита од корона вирусот во својот домен на работа.

Покажаната грижа за здравјето за непречено искористување на демократското право на глас на граѓаните ја одликува ДИК со одговорност и професионалност во работењето. Државната изборна комисија постави нови стандарди во функционирањето на државните институции во време на корона вирусот.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж нападнал девојка по расправија околу седење во автобус на ЈСП

Редакција

(Фото) Наместо ред, учество во хаосот: Полициски автомобил паркиран на велосипедска патека

Редакција

Млада скопјанка тешко повредена во сообраќајка со мопед

Редакција