Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски синоќа со пресекување на џиновската пастрамајлија го означија стартот на 13. по ред штипска „Пастрамајлијада“.
Оваа година унифицираната цена на пастрамајлија на штандовите е 150 денари.
Денеска ѕвезда на вечерта е српската пејачка Цеца, а пред неа ќе настапат Мартинијан Кириловски и Антониа Гиговска.
Утре, публиката ќе ја забувавуваат No end, Викторија Лоба, Тропико бенд и Данијела Мартиновиќ.
Фото: Фејсбук/Бочварски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.