Државата, односно Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) располага само со три авиони за гасење на пожари, потврдуваат од таму за еМагазин.
Во извештајот на дирекцијата за работењето за минатата година, стои дека се работи за воздухоплови за гасење пожари од типот Air Tractor Fire Boss, кои го поминале техничкиот преглед и се оперативни за работа.
Како што објави еМагазин пред неколку дена, ДЗС склучи договор за осигурување на истите, вреден 177 илјади евра.
Изминативе денови низ Македонија беа регистрирани неколку големи пожари, а вчера имаше голем пожар кај Велес.
Тоа што земјата не располага со соодветна опрема за справување со вакви непогоди, дополнително ги отежнува работите за справување со пожарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Вознемирувачка снимка од пожарот кај Велес
(ВИДЕО) Сообраќајот се пренасочува: Пожарот се симна до автопатот Скопје-Велес
(Видео) Велешани молат за помош во гаснењето на пожарот кој избувна кај езерото Младост
Фото: ДЗС