еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Пендаровска во Кенија за унапредување на репродуктивното здравје и права на жените

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска учествува на конференција во Кенија на која се зборува за унапредување на на репродуктивното здравје и права на жените.

„Меѓународната конференција за население и развој (ICPD) ќе го интензивира напредокот на агендата за репродуктивно здравје. Чест е да се биде меѓу 6.000 во Најроби, Кенија, како заложба за промовирање на репродуктивното здравје и права на жените“, напиша Ѓоргиевска Пендаровска на нејзиниот фејсбук-профил.

Првата дама, која е стоматолог по професија, учествува на голем број настани и конференции кои ја зголемуваат свеста за здравјето на жените, маргиниализирани групи и различни социјални категории.

фото: Фејсбук-профил на Пендаровска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Жителите на Шангај, кој е во карантин бесни, почнаа да ограбуваат супермаркети

Редакција

Убава вест: 31 оздравени од Ковид-19

Редакција

АВМУ: Законот за медиуми е спротивен на ЕУ директивите и не гарантира слобода на реемитување на ТВ каналите

Редакција