еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото) Предлог-место за патување по кризата со корона вирусот: Жировница, за авантуристи и вљубеници во природата

Жировница е едно од најживописните села во Западна Македонија сместено на границата помеѓу два планинински масива Дешат и Кораб. Од место со неколку илјади жители, сега се останати само стотици, а помеѓу нив и Даут Јашари, младо момче кое решил животот да си го продолжи таму.

„Имав прилика да заминам од државата, но решив да живеам овде. Кога преку една обука бев во Кортина Дампецо, сфатив дека ние ја имаме истата убавина, само го немаме тој систем,“ вели Јашари за „еМагазин“.

Тој е еден од најмладите останати во Жировница. Со сопствен и трудот на неговиот татко, а со одредена извесна финансиска помош со европски пари го изградија планинарскиот дом Говедарник кој постојано го прошируваат и имаат капацитет за 18 лица.

Домот е изграден над селото во недопрена природа опкружен со прекрасни ливади и шума. Освен што се издава за планинари, за него, според Јашари има интерес и од страна на семејства.

Јашари е и лиценциран планинарски водич па околните места и врвови одлично ги познава, како и селата во околината и историјата на место.

Но и никаде да не се оди самиот дом нуди одлична можност за уживање.

Воопшто жителите во Жировница се сложни, па со сопствени средства ја градат инфраструктурата во селото, а и самите спречија да се гради хидроцентрала со што би се уништил најубавиот предел над селото.

Развојот на селото го помагаат и иселениците, а тоа може да се види и по новите и големи куќи.

Во зависност од преференците на туриститите, ако не повеќе Жировница е одлична викенд-дестинација за уживање во природа.

„еМагазин“ следниот период, како и до сега, ќе дава предлози за посета на убави ресторани, хотели, апартмани и дестинации низ Македонија, се со цел промоција на домашниот туристички потенцијал и за полесно да се преброди кризата која настана со корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Предлог-место за посета по кризата со корона вирусот: Убавото и секогаш гостопримливо Крушево

(Галерија) Предлог-место за посета по завршување на кризата со коронавирусот: „Бел рај“ Миравци

(Фото) Предлог-место за посета по кризата со корона вирусот: Плажа Оревче

(Фото) Маврово, предлог-место за посета по кризата со коронавирусот

(Галерија) По корона кризата, предлог-место за посета во нашата држава: Етно-куќа Благибог, Мариово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избори по секоја цена или враќање на рестрикциите поради корона вирусот?

Редакција

Нова влада ќе биде договорена до петок, најави Таравари

Редакција

Министерството за финансии вработува девет лица, плата до 25.023 денари

Редакција