еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Шекеринска елегантна на заедничката фотографија на министрите за одбрана на земјите – членки на НАТО

Министерката за одбрана се појави со елегантен фустан на заедничката фотографија „family photo“ на министрите за одбрана на земјите – членки на НАТО, на состанокот на Северноатлантскиот совет.

На состанокот кој почна вчера, министрите разговараа за глобалните безбедносни предизвици, како и за развојот на НАТО – мисиите и операциите на глобално ниво.

Шекеринска порача дека „на средбата покажуваме дека веќе не сме тема на масата, туку дека сме членка на масата и дека нашата одлука и нашиот став се цени, се почитува и влијае на одлуките кои што ги носи Алијансата.“

Во седиштето на НАТО во Брисел, Шекеринска имаше одвоена средба со својата француска колешка, Флоренс Парли како и со министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Волис.

Шекеринска и Волис потпишаа нов Договор за соработка во одбраната помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, документ кој ќе го замени постојниот Договор за билатерална соработка од 2007 година и се согласија дека овој договор ќе овозможи уште поблиска и посеопфатна соработка помеѓу две пријателски и сојузнички земји и армии.

Состаноците на Северноатлантскиот совет продолжуваат денеска со сесија посветена на растот на буџетите за одбраната на земјите – членки на Алијансата.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кина ја отфрла дополнителната истрага за потеклото на коронавирусот

Редакција

Зошто Боки 13 и Зоки Кичеец добија нови 30 дена притвор за „Рекет“

Редакција

Забрането снимање со дронови над Скопје

Редакција