Момчето на кого пред неполни два дена му беше трансплантирано срце полека заздравува, напиша на својот Фејсбук профило, министерот за здравство Венко Филипче.
Тој доби срце од Верица Белчовска, која почина од последици од сообраќајна несреќа, а нејзините родители одлучија да ги донираат нејзините органи.
„Неполни два дена по операцијата која му го спаси животот, младиот Иле полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија.
Бескрајно благодарен на тимот на лекари кои помогнаа да добие нова шанса за живот и пред се на семејството на младата девојка чие срце денес чука во неговите гради.
Му посакувам што поскоро да закрепне и да се врати дома кај неговото семејство“, напиша Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Блаже Сапунџиев од Кавадарци, кој со години бил на дијализа доби бубрег од Верица Белчовска
Фото: Фејсбук/Филипче