Прославата на Владата за Денот на независноста на Македонија во Скопје, која беше организирана во нејзиниот двор, предизвика многу мал интерес кај граѓаните.
Стотици граѓани, од кои значителен дел беа министри, вработени во Влада или по некои државни институции го ислушаа говорот на премиерот Зоран Заев, Тијана и сестра и Тамара, а веќе во 9.30 кога настапуваше Македонската филхармонија и маестро Џијан Емин со проектот „Оригинатор“ на продуцентот на електронска музика, Хуан Аткинс, бројот на граѓани значително се намали.
Граѓаните не ја ни дочекаа завршницата на прославата, кога настапи одличниот диџеј Феки Фарис.
Слаб интерес имаше и за прославата и собирот на мрежата Бојкотирам и Координативното тело против референдумот, кои се собраа во Градскиот парк и пред Собрание.
Во исто време додека се одвиваа паралелните прослави плоштадот Македонија, улицата Македонија, кафулињата по Дебар маало… беа преполни со луѓе.
Изненадувачки е како во град кој официјално има најмалку 500 илјади жители да нема интерес за прослава на Денот на независноста.
Дали граѓаните комплетно станале апатични на се што се случува во државата, дали не се согласуваат со политиките и се разочарани од власта или е нешто друго, најверојатно ќе покаже престојниот референдум за името.
Фото: Влада/еМагазин