Едно за УНЕСКО, друго за дома. Во извештајот кој пред неколку месеци на албанските министерства за култура и туризам (Ministria e Kulturës, Ministria e Turizmit dhe Mjedisit) од Албанија го доставија до светската организација и стручните тела, се спомнуваа некакви проекти, санации, состаноци за меѓугранична соработка, инспекции на терен. Но никаде не беа споделени вакви активности. Од една страна се прокламира заштита на природното наследство на Охридскиот регион, но од друга, се форсираат некакви проекти кои ја нарушуваат природната рамнотежа, регираат од здружението Охрид С.О.С.
-Да не заборавиме, заради вакви и слични предлози или интервенции на македонска страна беше предложено Охридскиот регион да се стави на листата Светско наследство во опасност.
Се чини како албанскиот премиер (кој ги сподели овие фотографии на Фејсбук) да не е во тек со процесите кои се одвиваат, па форсира зафати кои се во спротивност на дадените препораки.
Наместо исполнување на препораките, имаме вакви нови ситуации, кои не одат во прилог на заштита туку напротив, дополнително ги уништуваат специфичните предели.
Уште еднаш на дело се покажува немањето волја за реално зачувување на исклучителните универзални вредности (ИУВ) на регионот, лицемерието на институциите, кои едно зборуваат или пишуваат, а прават нешто сосема друго и ставањето на некои други интереси над оние кои треба да се приоритет.
Албанскиот дел од регионот само пред четири години беше вклучен на листата, но многу брзо се покажаа слабостите на терен. Што да очекуваме со вакви носители на државни и локални функции, и на македонска и на албанска страна.
Се надеваме дека активистите и организациите од албанска страна веќе реагирале за овие градежни активности и ќе направат напори да се стопира понатамошното уништување на животната средина.
Споделуваме дел од објавените фотографии само да се види обемот на узурпација на природата.
Албанскиот премиер во објавата не наведе дали пред да започнат овие активности се консултирани стручни лица или соодветни научни институции, дали е направена стручна оценка за влијанието врз животната средина, колкав ќе е притисокот врз другите животински и растителни видови.
Неодамна, на средба со неколку организации и активисти од Поградец, Тушемишта и Тирана ни беа споделени загрижувачки информации. Заткулисно, се прави простор за ваквите проекти, иако државата се обврзала дека ќе го заштити тој дел од Охридскиот регион.
Како иницијатор на овие активности беше спомната фондацијата The AADF. Не попусто УНЕСКО инсистира на усогласени закони меѓу двете држави и интегрален план за управување со регионот, со цел доброто да го има истиот степен на заштита, независно во чија територија се наоѓа, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија ќе бара информации од Албанија што се гради на нивната страна од Охридското Езеро
Фото: Фејсбук/Рама