Со концерт на платото пред црквата Св.Димитрија на плоштадот Филип Втори, во Скопје се одржа манифестацијата Бадникови поворки.
Поворки денеска имаше и во други градови низ државата: Струмица, за прв пат во Дебар, Гостивар, Гевгелија, Охрид, Струга…
Со песни за раѓањето на Исус Христос и претстава, по еден час, децата и присутната публика се упатија кој Соборниот храм, при што по скопските улици ја пееја Вечниот бог.
Интересна беше реакцијата на граѓаните, помладите снимаа, постарите со по некоја солза во очите.
Во Соборниот храм ги пречека поглаварот на Македонската православна црква г.г Стефан кој ги благослови децата и побара религијата да се изучува во училиштата, за уште од најмали нозе да се запознаат со Бог. Потоа им беа дадени пакетчиња.
Ѕвездите кои ги носеа ја симболизираат најсјајната ѕвезда во Витлеем која го најавила раѓањето на Исус Христос и која ги однеал наречниците до пештерата каде што бил роден. Гласот на децата пак, го симболизра гласот на ангелите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) На Бадник кај Иванови
(Видео) Среќен Бадник и Божик: Преубав спот и песна за вечниот Бог