еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје со автомобили за враќање на старата цена на струјата

ВМРО-ДПМНЕ вечерва организираше нов протест против поскапувањето на струјата за 7,42 отсто, барајќи враќање на старата цена и оставка на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и нејзиниот претседател Марко Бислимовски.

Протестот почна пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Аеродром од каде учесниците со возила во колони се упатија пред РКЕ во Центар.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека струјата поскапува во услови на економска криза наспроти многу европски земји каде што цената е намалена. Бислимовски и РКЕ, рече, треба да поднесат оставка или да бидат разрешени од Владата и да се именува професионална Регулаторна комисија.

-Македонија плаќа највисока цена на струјата во Европа споредено со примањата коишто ги имаат односно што ги немаат македонските граѓани. Бараме час поскоро враќање на старата цена и разрешување на Марко Бислимовски како послушник на Зоран Заев и неговите министри.

Заев го именувал, Заев да го смени. Ако не, Бислимовски да си поднесе оставка и целата Регулаторна комисија. Затоа што во оваа сиромаштија, отпуштања и економски колапс кој ни се случува, да се зголемува цената на струјата не е ништо друго освен економски терор врз стандардот на граѓаните на Македонија. Ова е важно за илјадници семејства во земјава и за економијата која во моментов е на колена, рече Ѓорчев.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Наставата и оценувањето во училиштата и факултетите продолжуваат со електронска комуникација

Редакција

Убава вест: Оздравени 97 пациенти од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Косовската полиција потврди дека е убиено едно лице од групата што уби полицаец во северно Косово

Редакција