Претседателот Ѓорге Иванов за време на денешна средба во „Вила Водно“ на папата Франциск му подари резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на земјава.
-Станува збор за албум со авторски фотографии, избрани лично од претседателот Иванов, а врз основа на концепт на релевентни македонски експерти од областа на духовното и културно-историското наследство на Македонија. Фотографиите се укоричени во резба изработена од охридски копаничар.
Албумот содржи 153 фотографии низ кои е претставен дел од милениумската христијанска историја, традиција и уметност во Македонија. Меѓу нив има ранохристијански мозаици и базилики, средновековни цркви, фрески, икони и ракописи, како и резбани иконостаси од македонските манастири, соопшти кабинетот на Иванов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) И ќерката на Заев го пречека папата Франциск
Папата дојде откако се залетавме кон НАТО: Лицимерие на Ватикан или закрила на Западот?
Фото: Кабинет на претседателот