Носителката на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова, во време на кампања најде време и за готвење.
“Во прекрасен амбиент меѓу недопрената природа на околината на Матка, под планина, а покрај шумот на реката Треска, зготвивме многу вкусна мусака со тиквички и сирење.
Македонската трпеза е многу богата со мириси и вкусови, а како нема да е кога нашата плодна почва изобилува со највкусниот зеленчук. Можеби затоа сум и вегетаријанка“, напиша таа на Фејсбук.
Го сподели и рецептот:
„На дното на тавата се става бешамел сос, потоа се редат домашни македонски јуфки, врз нив се редат тиквички на должина исечени, се покриваат со модар домат, црвен домат, магдонос, толчен лук со маслиново масло; преку нив ставаме од сирењето или урдата па малку бибер и веѓета и бешамел сос и повторно се повторува јуфки, тиквички….
На крај се завршува со остатокот од тиквички извалкани во брашно. Добро се залива со маслиново масло се покрива со фолија и добро се затвара од сите страни. Се пече во загреана рерна на 200 Ц. 1 час.потоа се открива и се пече додека благо не порумени. Добар апетит народе!“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитров лови риби, Силјановска Давкова му порача дека тоа не се прави во фармерки и бела кошула
Фото: Фејсбук/Силјановска